Apasstra Apasstra
·
Техно Маркет ДООЕЛ

Картичка за лојалност што клиентите не ја губат.

Без печатење, без губење картички – сите лојалти картички се директно на телефоните на вашите потрошувачи.

Заменете ги пластичните лојалти картички со дигитално решение.

Без трошок за печатење и без повторно издавање на изгубени картички.

Физички картички
SPORT LOYALTY
OLD LOYALTY
Apasstra Digital Wallet

Колку заштедува вашиот бизнис со Apasstra?

Пластичните и хартиените картички се скап и застарен трошок. Пресметајте ја вашата директна заштеда.

2,500
200 20,000
€0.80
€0.30 €2.00
20%
5% 50%

Заштеда на печатење (прва година)

€2,400

колку би платиле за изработка и реиздавање на картички

Заштедена пластика

15.0 kg

Картички што не се печатат

3,000

Изберете пакет за вашите потреби

Секој пакет дава нови картички на секои 30 дена. За 6 месеци добивате 10% попуст, а за 12 месеци 15%.

Starter

100 картички месечно

За мали бизниси, теретани и салони со до 100 нови клиенти месечно.

€59 /месечно

Од €50.15/месец со годишен план · заштеда 15%

  • 1 админ профил
  • 1 локација
  • QR и бар код
Препорачано
Plus

1,500 картички месечно

За бизниси во експанзија, ресторани, фитнес центри и салони.

€299 /месечно

Од €254.15/месец со годишен план · заштеда 15%

  • 5 локации
  • 5 админ профили
  • Експорт на податоци
  • Push нотификации
Pro

7,500 картички месечно

За големи синџири, маркети и компании со голем број потрошувачи.

€669 /месечно

Од €568.65/месец со годишен план · заштеда 15%

  • Неограничени локации
  • Неограничени админ профили
  • Експорт на податоци
  • Push нотификации

Ви треба поголем број картички или решение по мерка?

Често поставувани прашања

Одговори на најчестите прашања за Apasstra, дигиталните картички и пакетите.

Не. Купувачите ја зачувуваат картичката во Apple Wallet (iPhone) или Google Wallet (Android), кои веќе ги имаат на телефонот. Ако сакаат сите картички и попусти на едно место, можат да ја користат и Apasstra апликацијата.

Покрај поддршката за Apple и Google Wallet, Apasstra нуди и сопствена мобилна апликација која е опционална. Таа е наменета за корисниците кои сакаат на едно место да ги имаат сите лојалти картички од нашите партнери, да ги следат своите бодови и да ги користат сите ексклузивни попусти.

Вашиот вработен го скенира QR кодот или бар-кодот од телефонот на купувачот со помош на нашата вградена апликација за скенирање (или со кој било стандарден бар-код читач на касата), со што веднаш се потврдува идентитетот или се доделуваат поени/попуст.

Да. За сите нови претплати нудиме 7 дена рок за рефундирање (Money-Back Guarantee). Доколку во првите 7 дена од уплата одлучите дека платформата не соодветствува на вашите потреби, ни пишувате и ги добивате вашите средства назад во целост.

Картичките од пакетот се обновуваат на секои 30 дена. Ако ги искористите порано, нови може да издадете кога ќе почне следниот месец или веднаш, ако преминете на поголем пакет од Дашбордот. Веќе издадените картички продолжуваат да работат и да се скенираат.

Да. При издавање изберете „Членска“ и поставете месечна, тримесечна, полугодишна или годишна членарина, или пакет термини (на пример 12 тренинзи). Картичката го покажува датумот до кога важи. Кога вработениот ја скенира на влез, гледа дали членството е активно, колку термини останале и кога клиентот последен пат влегол, а истеченото членство го продолжува со еден клик.